Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени дилери на марихуана, каснувања од кучиња скитници, 14 товарни моторни возила упатени на вонреден технички преглед

На 03.10.2022  полициски службеници од СВР Битола на ул.„Михајло Андоновски“, пред Техничкото училиште во Битола, ги лишиле од слобода две лица на возраст од 24 години од Битола и 31 година од село Свето Тодори, Општина Могила, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

На 03.10.2022 во СВР Битола М.Н. (86) од Битола пријави дека на ул.„Илинденска“ во Битола била касната од куче скитник, и на 03.10.2022 во СВР Битола С.М. (26) од с. Горно Оризари, битолско, пријави дека во старата касарна  била касната од куче скитник.

Денеска (04.10.2022) во периодот од 07.00 до 11.00 часот на територија на СВР Битола беше спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила. Контролирани се 107 возила при што осум возила се исклучени од сообраќај, 14 товарни моторни возила се упатени во станица за технички преглед. Изречена е една мерка за возење под дејство на алкохол, санкционирани се двајца возачи за претовар на возилото, а при контролата санкционирани се и 11 останати прекршоци. 

 
More from ВестиMore posts in Вести »