Press "Enter" to skip to content

Болница “Плодност“ со поддршка на првиот “Паљо Класик“ натпревар во боди- билдинг

Водејќи се од мотото во здраво тело – здрав дух, а применувајќи ги начелата на општестена одговорност, Болница “Плодност“ беше главен спонзор на првиот “Паљо Класик“, натпревар во боди- билдинг, кој за прв пат се одржа во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.Прим. д-р Таше Трпчевски е познат по тоа што поддржува индивидуални спортисти и колективни клубови, во насока на развојот на спортот во градот. Така годинава, со особено задоволство прифати да биде главен спонзор на најплеменитата вештина – бодибилдерството, како што и самиот вели:-Во однос на бодибилдингот, можам да кажам дека тоа е еден од најплеменитите спортови, бидејќи не познава старосни граници. И самиот откако применувам секојдневно повеќечасовно вежбање, придобивките по моето здравје, физичките активности, како и психичките активности, се повеќе од видливи. Токму затоа, со задоволство прифатив да го поддржам овој натпревар, во кој имавме можност да ги погледнеме резултатите од работењето на нашите натпреварувачи и натпреварувачки, рече прим. Д-р Таше Трпчевски кој додаде:-И досега помагав доста во спортот, односно за натпреварувачите во индивидуални спортови како кикбокс, но и во групни спортови, минатата година за кошаркарите на Пелистер, а годинава и за женскиот ракомет. Со оглед на фактот дека нашата болница е наменета првенствено за припадничките на понежниот пол, следната година ќе подготвиме нови изненадувања за учесничките и победничките на овој боди-билдинг натпревар, кој очекувам дека од година во година ќе расте и не се сомневам во тоа, бидејќи е организиран од Зоран Лазаревски – Паљо, неговиот фитнес клуб “Паљо“ и боди билдинг федерацијата на Македонија.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »