Press "Enter" to skip to content

Алфалтирани повеќе од 2 километри улици низ Општина Новаци

Асфалтирани се локални улици во должина од 2,1 км во Општина Новаци со што целосно е реализирана Програмата за изградба и одржување на локални патишта и улици на територијата на Општина Новаци за 2022 година.

-Во изминатите 2 месеци се спроведуваше асфалтирање на локални улици низ цела територија на Општина Новаци согласно програмата за изградба и одржување на локални патишта и улици која на мој предлог  ја одобри Советот на Општина Новаци. Согласно оваа програма се што беше планирано е остварено односно асфалтирани се локални улици во должина од 2100 метри или 6300 метри квадратни со вкупна вредност од 10 милиони денари, рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Со оваа програма се утврдени приходите кои се обезбедени од Буџетот на општината како и од Јавното претпријатие за државни патишта, но и расходите и нивната намена за изградба, зимско одржување, проектна документација и надзор.

Со Програмата за  изградба и одржување на локални патишта и улици  беа опфатени сите населени места во Општина Новаци и тоа: Новаци, Гермијан, Добромири, Горно и Долно Агларци, Гнеотино, Рибарци,  Тепавци, Скочивир, Живојно и Далбеговци. 

More from ВестиMore posts in Вести »