Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер лесно го победи Тиквеш во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Тиквеш 30:21 (16:9)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола, гледачи: 500
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски

Еурофарм Пелистер: Лесјак, Кизиќ, Ојлески 5, Кузманоски 1, Стоилевски 5, Радовиќ, Танкоски 1, Хосни 2, Костески 5, Дејвис 3, Кукоски, Ѓоргоски 1, Васиљев, Суси 2, Пешевски 3, Пав. Атанасијевиќ 2

Тиквеш: Брауновиќ, Колев, Стојановски, Дрогришки 4, Темелкоски, Велков, Соколов, Димовски 6, Лазов, Окардов 2, Шулески, Симиќ 3, Хамзиќ 4. Петровиќ 2.Еурофарм Пелистер вечерва во Битола, во рамките на 6. коло на групата “Б“ на Суперлигата, на свој терен во добро издание, без осцилации во играра го победи тимот на Тиквеш со 30:21 полувреме 16:9. На натпреварот не играа Велковски и Сери, а во тимот се вратија Васиљев и Вилсон.

 

Натпреварото започна со четири израмнувања, а потоа “пелистерци“ со серија на лесни голови, главно преку контра напади на Костески се одлепија на +6. Потоа следуваше добра игра во одбраната, Лесјак се разбрани и предноста порасна на +8. Дејвис и Ѓорговски продолжија со добри игри, а на одмор заминаа со 16:9.И во вториот дел предноста се зголемуваше погодуваа Ојлески и Стоилевски и предноста веќе стана двоцифрена +10, во 38. минута 21:11. Еурофарм Пелистер ја одржаше високата предност од 9-10 голови, и без драма и на задоволство на публиката славеше со 30:21.Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа крилата Костески, Ојлески и Стоилевски со по пет гола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »