Press "Enter" to skip to content

На есенскиот крос победници ОУ “Елпида Караманди“ и Горната Гимназија

Сојузот за училишен спорт од Битола го организира традиционалниот есенски крос кој се одржа во Градскиот парк во Битола, а патеката која се трчаше беше “трасирана“ на Шеталиштето.-На овој есенски крос учествуваа 500 ученици од основните и 150 ученици од средните училишта. Сите натпреварувачи се натпреваруваа во 16 категории под менторство на 54 професори од основните и средните училишта. Сите ги истрчаа зададените патеки, а во организација на овој традиционален спортски настан помогнаа екипи на Центарот за народно здравје и екипа на оптинската организација на Црвен крст од Битола, рече Михајло Трампевски, претседател на Сојузот на училиштен спорт од Битола.По сумирање на резултатите екипни победник кај основните училишта е екипата на ОУ “Елпида Караманди“, второ пласирани беа учениците од ОУ “Стив Наумов“, а на трето место е екипата на ОУ “Тодор Ангелевски“.Кај средношколците најдобри беа учениците од Гимназијата “Јосип Броз Тито“, второпласирана е екипата на СОМУ “Јован Калаузи“, а на 3. место е екипата на Спортската Фудбалска Академија.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »