Press "Enter" to skip to content

Потпишан нов Меморандум за соработка меѓу СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ и “Cosmic Devemopment“ Македонија

Денес во просториите на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ в.д. Директорката на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола д-р Жанета Сервини и директорот на “Cosmic Devemopment“ Македонија, Ентони Наумофф, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспостави долгорочна стручна, образовна и апликативна соработка помеѓу Техничкото училиште од Битола и успешната компјутерска компанијa. Компанијата Cosmic Development успешно постои на меѓународниот ИТ пазар веќе полни 11 години и има свои канцеларии во Канада, Србија и Македонија. Освен во делот на аутсорсинг на ИТ услуги, компанијата успешно работи и во делот на аутсорсинг на услуги поврзани со бизнис процесите.Со оваа активност, компанијата повторно на голема врата ја враќа праксата за оддржување на практична настава и стручно оспособување на млади кадри од државата, која непречено функционираше во соработка со факултетите пред почетокот на пандемијата. Со ова, Cosmic Development повторно инвестира во младите. Потпишувањето на овој Меморандум е дел од  првиот чекор кон отворање на новата дуална паралелка со зголемен број на часови по практична настава за профилот електротехничар за компјутерска техника и автоматика.Во следниот период ќе бидат потпишани уште два слични меморандуми со софтверски компании. Со склучувањето на меморандумите се отвора поле на нов вид на соработка меѓу училиштето и компаниите, а во центарот на таа соработка е ученикот и неговите подобрени можности за да биде конкурентен на пазарот на трудот со своето практично знаење. Фирмите селектираат иден кадар, а училиштето ја подигнува на повисоко ниво  практичната настава.

More from ВестиMore posts in Вести »