Press "Enter" to skip to content

“СН финансии“ додели стипендии на бруцошите на Економски факултет

Оваа недела започнаа предавањата на државните универзитети, а компанијата “СН финансии“ наместо да биде само формално на првиот академски час, од оваа година одлучи да стипендира студенти, започнувајќи нов проект на донации “СН ФИНТЕК ТАЛЕНТИ“.-Специфичноста на нашите стипендии е и во финансиска поддршка за нивната прва академска година, можност за менторирање од наша страна, практична работа во нашата компанија за стручна примена на знаењата во нашиот сектор, но и можност за вработување. Финтек компанијата “СН финансии“ уште од минатата година започна со поинакви чекори на поддршка на факултетите, конкретно на Економскиот факултет во Прилеп, каде што повеќеслојно оди нашата соработка. Стипендии за најдобрите, работа на проекти со студентското собрание, како и со неформалната група „Економисти оптимисти“ која на многу интересен начин ја спојува науката и интересите на младите луѓе, изјави Бујар Драла, шеф на одделот за човечки ресурси од “СН финансии“.Стипендиите беа поделени на надојбро рангираните студенти при упис и на студенти кои доаѓаат од социјално ранливите категории на Економскиот факултет во Прилеп.

-Бенефитот е обостран, и за компаниите и за Економскиот факултет. Соработката се реализира на различни начини, преку стручни предавања на претставниците на бизнис заедницата и на тој начин студентите стекнуваат емпириски знаења и вештини, а од друга страна факултетот организира обуки според потребите на бизнис заедницата. Исто така учествуваме заеднички во реализацијата на научно истражувачки проекти, истакна проф. д-р Драгица Оџаклиеска, декан на Економски факултет Прилеп.На Економскиот факултет во Прилеп, ова е 62 генерација студенти кои можеа да избираат помеѓу една од 6 реакредитирани студиски програми како: Е-бизнис, меѓународен бизнис, сметководство и финансии, банкарство и финансии, маркетинг и менаџмент. А Финтек компанијата “СН финансии“, набрзо го активира и својот “Финтек хаб“, специјално дизајниран за обуки, нетворкинг и хакатон ивенти, кој ќе биде сместен во нивните нови простории.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »