Press "Enter" to skip to content

Советниците од “Поинаку“ со повик за учество во акцијата за чистење на ски-патеката “Бегова-Копанки“

Независната советничка група “Поинаку“ од Битола и оваа година со акција за чистење на ски-патеката “Копанки“ кај Бегова Чешма, која ќе се одржи во недела 9. октомври, упати повик за учество до сите политички партии од Битола, јавни претријатија, спортско-планинарски клубови, поединци, вљубеници во Пелистер.

Во повикот на “Поинаку“ кој го пренесуваме во целост се вели:

-Бидејки ни претстои нова скијачка сезона, а ски центар “Копанки-Пелистер“ не е подготвен за истата, на почетокот на оваа недела “Поинаку“ испрати официјално барање до “Елем Турс“ и ПСК “Пелистер“ за информации околу плановите за функционирањето на ски-центарот во сезоната 2022/2023.

Во рекордно време добивме известување од ПСК “Пелистер“, а веднаш потоа и од “Елем Турс“ во кои се вели дека е постигнат нов договор, со кој Елем Турс се обврзува на неколку важни работи за нас како битолчани а воедно и корисниците на ски центарот:

-Договорот е склучен со важност од 10 години.

-АД ЕСМ Скопје преку својата фирма-ќерка “Елем турс“ ДООЕЛ Скопје во иднина планира да инвестира и да го одржува ски-центарот Копанки.

Планираните инвестиции се: 

-Поставување на затезно и влечно јаже (сајлата на ски лифтот)

-Осветлување на ски-патеките за ноќно скијање

-Изградба на јавни тоалети

-Сигнализација на патеки

-Нов систем за ски-билети

-Обезбедување на снеготапкач – ратрак 

-Замена на корпите на жичарата

-Оваа скијачка сезона ќе бидат во функција ски-лифтот и жичарата.

Ја поздравуваме продолжената соработка во интерес на Битола и битолчани и иако не сме во предизборие, исто како претходната година, повторно ги повикуваме: ПСК “Пелистер“ “Елем Турс“, АД ЕСМ, хотел “Молика“, “Hot Box – Копанки“, сите политички субјекти од Општина Битола, СДСМ Битола, ОК ВМРО-ДПМНЕ-Битола, Левица – Битола, ЛДП Битола, ДОМ Битола, BDI Manastir, и останати… јавните претпријатија од Битола, како и сите планинари, здруженија, ски клубови и поединци. 

-Во недела 9. пктомври од 10 часот,  чистење на ски-патеката, со себе понесете алат и заштитна опрема и се гледаме на “Копанки“, повикуваат од “Поинаку“.

More from ВестиMore posts in Вести »