Press "Enter" to skip to content

Ларсен и Радовиќ за групата во Лига Европа: Фуксе отскокнува, но “пеколот“ во Битола мотив плус

Со ждрепка во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена се дознаа групите во новата сезона на ракометната Европска лига, а во “Д“ групата, екипата на Еурофарм Пелистер од Битола ќе игра со Фуксе, Мотор Запорожје, Бидасоа, Архус и Агуаш Сантош.

По дознавањето на групата тренерот на Ларс Валтер за групата и за очекувањата од европскиот настап на битолчани, ни рече:-Задоволен сум од ждрепката. Еден тим отскокнува од останатите, тоа е Фуксе Берлин. Останатите екипи можам да кажам дека се блиску до нашето ниво. Многу важно ќе биде да се заобиколат повредите, бидејќи ќе играме многу натпревари секоја недела. Ако сме здрави и ако продолжиме да напредуваме, имаме добри шанси да ја минеме групата“, смета тренерот на пелистерци, а за клубот од  неговата татковина додаде:

-Архус има три искусни ракометари: плејмејкер, лев бек и пивотмен. Исто така имаат добар дефанзивец, а и одличен голман. Останатите се млади момци, многу трчаат и играат типично скандинавски ракомет. Тежок ривал се, играат убав тактички ракомет. Верувам дека публиката ќе ни помогне, бидејќи тука е многу тешко за играње за скандинавските екипи.

Капитенот Мирко Радовиќ се потпира на квалитетот на екипата и битолскиот “пекол“ за остварување на целта – пласман во нокаут фазата и рече:-Тешко е да се прогнозира дали сме задоволни или не. Многу работи ќе се знаат овие две недели. За нас најбитно е да мислиме само на себе. Екипата напредува од ден на ден и играме да ја поминеме групата и да направиме чекор понапред во споредба со минатата сезона. Групата е исполнета со квалитетни екипи, знаеме што значи еден Фуксе Берлин, со Бидасоа Ирун игравме во Лигата на шампионите пред три сезони, Мотор го познаваме…  Сите противници се за респект, но ние во оваа пеколна атмосфера имаме за што да се надеваме. Очекувам пласман во следниот круг, но не сакам да поставував цели. Треба да се спремиме за првиот натпревар и чекор по чекор, натпревар по натпревар“, рече капитенот на битолчани.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »