Press "Enter" to skip to content

На УКЛО формиран Иницијативен одбор за синдикално организирање на вработените

Иницијативниот одбор за синдикално организирање на вработените на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола,  од наставниот и ненаставниот кадар  донесе заклучоци за формирање синдикат на сите вработени на УКЛО – Битола.  Намерата е со здружен синдикален притисок и масовност, да се актуелизираат барањата за достоинството на вработените во високото образование, да се актуелизира борбата за уважување на работничките права којашто е многу повеќе од борба за достоинствени плати. 

За алармантните состојби  поврзани со  „стареењето“ на универзитетот што во последните години се случува заради отсуство на замена на пензионираниот со нов млад кадар, немање научен подмладок и  ниските плати, јавна поддршка изразија ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски и претседателот на Универзитетскиот сенат, проф. д-р Пеце Николовски кои нагласуваат дека надминувањето на овие состојби е неопходно за непречено одвивање на наставно – научните процеси и функционирањето на Универзитетот во целина. 

Иницијативниот одбор за синдикално организирање на вработените на УКЛО ќе достави и писмена поддршка за приклучување кон барањата на Сојузот на синдикати на УКИМ.

Е.Ангелеска-Атанасоска

More from ВестиMore posts in Вести »