Press "Enter" to skip to content

Промовирана книгата “Непристрасноста како начело на кривичната постапка“ од д-р Никола Главинче (фотогалерија)

Вчера во преполаната сала на Офицерскиот дом во Битола од страна на проф.д-р Гордан Калајџиев и проф. д-р Тодор Витларов, а во организација на Адвокатската заедница Битола, Македонското научно друштво и Ротари клубот Битола беше промовирана книгата на адвокатот д-р Никола Главинче со наслов „Непристрасноста како начело на кривичната постапка“.На промоција покрај адвокатите, беа присутни и Градоначалникот на Општина Битола, претседателите на Основниот суд во Битола и Ресен, Апелациониот суд Битола, Деканот на Правниот факултет Битола, бројни судии и обвинители.Професорот Калајџиев како ментор на докторските судии на авторот, кој докторира во 2018 година кажа дека му е чест да соработува со кандидати како што е Главинче кој доаѓа од практиката и успешно ги соединува науата и практиката во лоцирањето и разрешувањето на правните проблеми, посебно за прашањето на непристрасноста.Професорот Витларов кој до неодамна беше Виш јавен обвинител во Штип во својата детална анализа на книгата, која брои 410 страници, изнесе редица пофалби за критичкито дух на авторот, но и за  решенијата кој истиот ги нуди. Повика оваа книга да ја прочитаат оние кои ја водат реформата на нашиот правосуден систем, бидејќи во неа ќе ги најдат сите решенија кои се потребни на истиот, посебно по прашањето за независноста и непристрасноста на судот како основно човеково право.Посебна чест беше укажана и од гостите од Србија, претседателот на АК Крагуевац адвокат Звонко Марковиќ и неговиот заменик адвокатот Борис Рибаровски, кој посебно го поздрави семејството Главинче во кое адвокатурата се практикува веќе во три генерации. На крајот свое инспиративно обраќање имаше авторот кој кажа дека во време кога сивилото во општеството и судството зазема се поголем простор, тој се труди својата енергија да ја насочи не само кон себе, туку кон општеството. Вети дека адвокатурата останува негова трајна професионална определба. „Непристрасноста како начело во кривичната постапка“ е прашање со кое бев оптеретен за време на докторските студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје (2012-2017) и моја докторска дисертација, но и тема која континуирано е во фокусот на мојот интерес. Мотивите да се ангажирам во истражување и подлабоко испитување и дефинирање на ова нечело се бројни. Меѓу нив е и обидот и желбата за соединување на науката и практиката, како професионални определби на кој сум се одлучил и тоа во време на мојот ангажман како соработник на Правниот факултет во Скопје (2008-2012), а потоа и како адвокат кој постојано е во обид достигнувањата на науката да ги применува во практиката.

More from ВестиMore posts in Вести »