Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: санкционирани 33 пешаци и 26 возачи за брзо возење

Денеска (07.10.2022) во периодот од 09.00 до 14.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата санкционирани се 33 пешаци. За време на контролата регистрирани се и 12 останати прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. 

Во текот на вчерашниот ден (06.10.2022) на територијата на СВР Битола спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани се 26 возачи, од кои 13 ја пречекориле брзината во населено место и 13 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци

More from ВестиMore posts in Вести »