Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: “фалсификување исправа“, кај возило била пронајдена рачно изработена регистарска табличка

На 06.10.2022 во периодот од 08.00 до 12.00 часот, полициски службеници од Криминалистичката полиција, од Полициската станица од општа надлежност и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола, заедно со инспектори од Општина Битола, на ул„Васко Карангелевски” во Битола спроведоа акциска контрола и притоа констатираа едно кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Кај едно возило била пронајдена рачно изработена регистарска табличка.

Исто така, биле констатирани и осум прекршоци од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Имено, жител на ул.„Васко Карангелевски“ пред зградата на коловозот и на паркинг просторот имаше заземено поголема површина од паркирани возила негова сопственост, од кои дел хаварисани и кои пречеа во нормалното одвивање на сообраќајот.

По контролата, сопственикот ги преместил возилата на соодветно место.

More from ВестиMore posts in Вести »