Press "Enter" to skip to content

Во ОУ “Кирил и Методиј“ во Битола детска недела со мото “Другарството е дел од детската среќа“

Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија секоја година е носител на активности поврзани со Детската недела, која се одржува во прва та недела од месец октомври во сите земји членки на Обединетите нации.Оваа година во рамки на детската недела во ОУ „Св. Кирил и Методија“ Битола покрај други актвности се организира свеченост со која првачињата стануваат членови во Детската организација. На свеченоста се организира мала приредба во која ученици од 3 одделение настапија со детски песнички.Учениците Дарија Спасевска и Јован Петровски од 5. одделение им се обратија на првачињата.-Драги наши Вие денес ќе станете како нас  членови на ДЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА која оваа година е под мото: Другарството е дел од детската среќа”! Потоа сите ги повторија зборовите од “Ветувањето“ во кое се вели:

Во овој момент

Ветувам на сиот глас

Дека моите наставници

Ќе ги почитувам јас!

Секоја задача ќе се обидам

Со леснотија да  ја решам,

Но, ве молам,простете,

Ако некогаш згрешам јас!

Во овој момент,

Давам чесен збор,

Ќе се дружат со другарчињата

Во училишниот двор!

Ж.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »