Press "Enter" to skip to content

Денес старт на новата кошаркарска сезона за “пелистерци“, гостуваат во Гостивар

Новата кошаркарска сезона во Македонија беше отворена пред два дена, а денес на програмата се три дуели, меѓу кои и натпреварот во Гостивар каде гостува Пелистер од Битола. 

Вицешампионот Пелистер гостува во Гостивар, против засилениот домаќин, кој ќе го води нов тренер – Љупчо Малинков, а Марјан Илиевски, шефот на стручниот штаб на кошаркарите од Битола, пред денешното гостување изјави:-Во сезоната влегуваме со доста променет состав, а сите кои беа вклучени во подготовките можам да кажам дека максимално го одработија она што им беше побарано како задача, а веќе денес ја имаме првата проверка и колку ќе можат да одговорат на тие задачи. Работната атмосфера е на едно високо ниво, меѓутоа мора да потенцирам дека многи доцна ги започнавме подготовките за оваа сезона. Поради тоа се обидовме да одиграме што е можно поголем број на контролни натпревари, претежно со екипи надвор од Македонија, а екипата 90 проценти е нова. За денешниот противник екипата на Гостивар каде гостуваме ќе кажам дека имавме непосакувана завршница, а ќе кажам дека немаме никаква информација за тимот каде имат нови странци, немаме видео материјал, но отприлика го знаеме квалитетот на играчите. Добрата атмосфера која ја имаме во клубот може да биде удар за противникот. Ние сакаме секој пат да победуваме, без разлика дали сме во Битола или во гости, беа разлика дали ќе играме со најкавлитетните или со новајлиите во лигата пристапот ќе биде ист.

Капитенот на битолчани Бобан Стајиќ смета дека тимот од Битола е подготвен за предизвикот и вели:-Натпреварот против Гостивар е од големо значење. Прво коло е и добро е да се тргне со победа, а и противникот е една од екипите кои претендираат на висок пласман. Претрпевме многу промени, скоро цел состав ни е нов. Го искористивме овој период да се воиграме, одигравме два турнири во Бугарија и мислам дека сме подготвени за дуелот против Гостивар. Добро е да тргнеме со победа заради нашата самодоверба. Екипата е составена од нови, млади кошаркари. Странците одлично се вклопија во амбиентот во градот и во клубот и мислам дека сме доволно воиграни за почеток на сезоната.

Натпреварот во Гостивар започнува во 18 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »