Press "Enter" to skip to content

Екипата на ветераните на Јове Начко на гостување во Бараево, Белград

Екипата на ветераните Јове Начко од Битола се наоѓа во Београд, Србија каде денес ќе го одигра “реванш“ натпреварот против екипата на Враниќ. Првиот натпревар се одигра во Битола, на 8. меморијалниот фудбалски турнир во фудбал “Јове Димовски – Начко 2022“.Натреварот ќе се одигра на стадионот на домаќините во Бараево, а ова е втор пријателски натпревар на овие две екипи, како истакнуваат, големи пријатели, откако првиот се одигра во Битола. Под Тумбка кафе победија домаќините со 2:1, а како истакнуваат резултатот и во Битола и во Бараево е во втор план.За натпреварот има голем интерес и се најавени околу 2.000 гледачи, а гостувањето е најавено и во белградските весници, во кој домаќините истакнуваат дека по “реваншот“ ќе има и трето полувреме, каде двете екипи ќе се дружат. Инаку, синоќа имаа заедничка вечер во “Скадарлија“ во Белград.

 

 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »