Press "Enter" to skip to content

Одбележан денот на Хрватскиот парламент во Битола (фотогалерија)

Во малата сала на центарот за култура во Битола, вечерва со предавање и изведба на театарска претстава беше одбележан денот на Денот на хрватскиот парлемент, а настанот го организира Хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“ од Битола.За важноста на овој датум зборуваше Бранко Маретиќ, претседател на Хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“ од Битола, кој покрај тоа што го нагласи овој ден рече:-Денес го одбележуваме 8. Октомври, денот кога хрватскиот Парламент донесе едногласна одлука за раскинување на сите врски со бившата СФРЈ или ден на Хрвстскиот парламент. Ги поздравувам гостите, а на сите Хрвати им го честитам денот на Хрватскиот парламент. Посебно сакам да ги поздравам и да им се заблагодарам на сите кои во изминатиот период ни помагаат да ги одбележуваме посебните датуми, значајни за Хрватска, а по повод на овој значаен ден за Хрватска ќе слушаме предавање и ќе гледаме театарска претстава. Предавањето беше тема македонско хрватските културно-уметнички врски во 20. век, насловено, а предавач беше Бранка Безиќ-Филиповиќ, која за насловот на превавањето “Дали се сеќаваш на мене – дали ме паметиш“, рече дека тоа се стихови од песна на Аки Ракиповски.Безиќ-Филиповиќ на предавањето ги спомена сите културно-уметнички врски во 20. век. Ги спомна како рече великаните во културата, музиката…Во нејзиното предавање се најде место за Богомил Ѓузел – македонски писател и преведувач кој го превел Шекспир, писателката Лилјана Дирјан, Петар Креља – уреник на првата програма на Хрватското радио, документарист, добитник на наградата “Владимир Назор“ за животно дело.  Посебно место најде и пејачката Снежана Наумовска, родена во Битола, која во 1985 победи на фестивалот “Загреб Фест“. Тука беа споменати и Лилјана Николовска – пејачката на групата “Магазин“, а секако се зборуваше и за Тоше Проески и Аки Ракиповски.Предавачката Безиќ-Филиповиќ за оваа прилика изработи и кратко видео во кое и на сликовит начин беа прикажани пред битолчани сите споменати, преку видео материјали, извадоцу од весници, фотографии и појаснувања.Потоа се одигра театарската претстава, комедијата на С. Стратиев, “Некој ми го тргна сакото“ во изведба на “Пиколо“ театарот од Хвар, Хрватска. Претставата е во режија на Михал Бибиак. Во претставата играа Мате Ојданиќ, Дражен Сајрановиќ и Томислав Алауповиќ, кои маестрално го одглумија “циркусот од животот“, односно целата апсурдност на бирократијата преку 11 ситуации.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »