Детонит – Пелистер 1:0
Екипата на Пелистер во рамките на 7. коло од Втората фудбалска лига гостуваше во Радовиш каде е поразен од домашната екипа Детонит – Плачковица, со резултат 1:0.
Голот за победа екипата на Детонит го постигна од пенал, откако претходно Бакрачески направи прекршок во својот шестаесетник.Капитенот Драгарски имаше убава шанса да донесе бод за битолчани во 95. минута, ама биеше над голот.
По 7 кола екипата на Пелистер се наоѓа на 5. место на табелата со 11 бода, а 8 бода помалку од Вардар кој е лидер на табелата со 19 бодови и 6 бода заостанување зад Воска која има 17. Пред Пелистер се екипите на Гостивар, Детонит и Беса Добердол.
Фото: ФБ на Детонит Плачковица