Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: отворен Унгарскиот почесен конзулат, тогаш 13. по ред во Битола

-Битола отсекогаш била интересна за дипломатите, во периодот пред десетина година имаше голем број на конзуларни претставништва, а пред 10 години во октомври 2012 година се отвори Почесниот конзулат на Унгарија, започна со своето излагање за тоа што се случувало во Битола пред 10 години, од своите записи во новинарскиот бележник, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство. Во присуство на голем број високи гости, почесните конзули и значајни општествени
личности свечено беше отворено
тринаесетто по ред конзуларно претставништво, на Република Унгарија, кое, тогаш, го отворија претседателот на унгарскиот парламент, Ласло Ковер,  градоначалникот на Битола, Владимир Талески.На свеченоста во Битола, каде беше речено дека отворањето на Конзулатот е дел од стратегијата на надворешната политика на Унгарија и цврстата определба за поддршка на Македонија и продолжуваме традицијата на конзуларно присуство во Битола.Со одлука на унгарските власти, за почесен конзул на Унгарија во Република Македонија беше  именуван битолскиот бизнисмен Сашо Јанакиевски. Унгарскиот беше 13. конзулат во Битола и се наоѓа во таканаречената “зграда на конзулатите“ на најрепрезентативната на Широк Сокак.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »