Press "Enter" to skip to content

Одбележан 11. Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ во градскиот парк во Битола (фотогалерија)

Денес во градскиот парк во Битола беше одбележан Денот на народното востание на македонскиот народ под мотото “11 октомври во срцата“ во организација на Министерство за култура. На настанот присуствуваа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и претседателот на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 година како и граѓаните продолжувачи – Општински одбор – Битола Стефан Бошков заедно со раководството.-За неколку дена е 11 октомври, Денот на народното востание, ден кога им оддаваме почит на храбрите мажи и жени кои се жртвуваа за нашата слобода и државност. Во нашата татковина, постојат споменици кои симболизираат урни на паднатие борци, но сеќавањата кои ги правиме по овој повод се најголемата урна, најубавата, која го симболизира вечниот пламен на слободата. Зошто тие храбри жени и мажи никогаш не смеат да бидат заборавени. Благодарам на претседателот Бошков кој заедно со раководството на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 година како и граѓаните продолжувачи – Општински одбор – Битола го одбележавме овој важен ден за сите нас, истакна министерката за култура Костадиновска-Стојчевска.Претседателот на Сојузот на борци Бошков рече:-Основањето на организацијата ималоза цел организирање и зачленување на учесниците од НОВ, борба против остатоците од фашизмот, грижа за придобивките од НОВ, чување и развивање на традициите, водење на грижа за преживеаните борци, за родителите и децата на паднатите борци, за инвалидите од борбата и слично. Ќе продолжиме и понатаму да градиме споменици. Во тек се активности за поставување на две бисти и реконструкција на партизанските гробишта. Денес, битолската организација на СБМ е современа и модерна, невладина и непартиска општинска организација, најактивна и најорганизирана во целата република и мора така да биде заради тоа што такво наследство ни оставија нашите претходници.Пред присутните во градскиот парк во Битола беа доделени и награди за 11 октомврискиот училишен конкурс за лична поезија по повод 75 години Сојуз на борци во основните училишта во Битола насловен како “Пламенот наш Октомвриски вечно гори”, на Божидар Петрушевиќ, Мила Нечовска и Нектарија Илиевска во категориите: IV-V одделение, VI-VII одделение и VIII-IX одделение. Камерниот оркестар на Битола и хорот на КУД „Стив Наумов“ заедно ги изведоа борбените песни.  “Во борба”, “Партинзански марш”, “Марика”, “Девојченце црно ле око”, “Невесто црвен трендафил”, македонската химна „Денес над Македонија“…На 26 декември 1947 година во Битола е основана Општинската организација на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 година и годинава ја одбележуваат 75-годишнината од основањето. За прв претседал бил избран Аце Ристевски.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »