Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени тројца дилери на дрога и санкционирани 15 возачи под алкохол

На 08/09.10.2022 во Битола, при извршена акциска контрола од полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, Полициската станица за безбедност на сообраќајот и Полициската станица од општа надлежност од СВР Битола, биле лишени од слобода три лица, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик. Имено, на ул. „Никола Тесла“ бил лишен од слобода 21 годишник од Битола, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана и други предмети со траги од дрога. Во битолската населба Горно Оризари биле лишени од слобода и уште две лица на возраст од 29 години, двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана и други предмети со траги од марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе следи соодветен поднесок.  

Во текот на изминатата вечер (08./09.10.2022) во времето од 22.00 до 04.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани биле 15 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 19 останати прекршоци. 

More from ВестиMore posts in Вести »