Press "Enter" to skip to content

Тони Ѓорѓиевски – Фердо доби ослободителна пресуда за убиството на зетот, делото го направил во самоодбрана

-Конечно судот по осум месеци донесе правилна пресуда, ослободителна за мојот татко. Тој е конечно слободен, фала ви на сите за поддршката, напиша Јове Ѓорѓиевски, на неговата “Фејсбук“ страница, инаку син на Тони Ѓорѓиевски – Фердо.

Тони Ѓорѓиевски-Фердо од Битола, доби ослободителна пресуда за убиството на зетот, пресуда која е донесена осум месеци по настанот, за кој  Тони Ѓорѓиевски тврдеше дека тоа го сторил во самоодбрана на неговата ќерка. Судот ја прифати ваквата одбрана, односно дека Ѓорѓиевски го сторил делото во самоодбрана и нужна одбрана. 

За битолчанецт Тони Ѓоргиевски-Фердо беше поведена истрага заради убиство на зетот, а по осум месеци излезе од притвор.

По ставањето во притвор на Тони Ѓорѓиевски, битолчани во феврури 2022 година, организирани од семејството и пријатели, со мирен протест пред Основниот Суд во Битола побараа да биде ослободен од притвор и побараа инситуциите да му овозможат на осомничениот да се брани од слобода.

More from ВестиMore posts in Вести »