Press "Enter" to skip to content

Боксерите на Пелистер од Битола со три злата и едно сребро, најпријатно изненадување на државното поединечно првенство

Викендов во Скопје се одржа Државно првенство во бокс за деца, кадети, јуниори и сениори, на кое настапија и боксерите на БК Пелистер од Битола.  На ова државно првенство посебно изненадија младите боксери на Пелистер, кои освоија три златни и еден сребрен медал.

Во кадетска категорија победници се Адријан Рустемовски до 57 кг и Ален Рустемовски до 60 килограми. Во јуниорска конкуренција победник е Ружди Рустемовски во категорија до 63,5 кг., додека во сениорска конкуренција сребро освои  Рамон Казимов во категорија до 67 кг.

Тренерите на Пелистер, Јове Петровски и Златко Мурџевски се задоволни од настапот на битолските боксери во поединечна конкуренција и освоените медали. Што се однесува пак до екипна конкуренција, додаваат дека Пелистер се наоѓа во горниот дел на табелата по 5 кола.

По 6. коло кое ќе се одржи во Прилеп на 22 октомври Пелистер ќе биде организатори на 7. коло во Битола, а во спортката сала “Боро Чурлевски“ ќе се претстават со поголем број на боксери, а сите ќе бидат подготвени за победа, за освојување бодови и искачување на повисоко место на табелата во екипна конкуренција.Резултати:

Кадети: 

57 кг – Адријан Рустемовски (Пелистер) -Лука Трифуновиќ (Илинден) 2:0

Јуниори:

63,5 кг Ружди Рустемовски (Пелистер) – Енис Алиу (А. Огненовски) 2:0

60 кг -Ален Рустемовски (Пелистер) – победник без борба

Сениори:

67 кг Илхан Озмен (Униврезалци) – Рамон Казимов (Пелистер) 2:0

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »