Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на турнир во Куманово, последен тест пред стартот на сезоната

Екипата на Пелистер Волеј од Битола на покана на кумановската екипа Куманово учествуваше на турнир, кој имаше пријателски предзнак, на кој учество зеде и екипата на Бами Кор од Тетово.  За екипата на Пелистер Волеј ова беше последен тест пред стартот на новата сезона, од која учекуваат екпресно враќање во Прата државна лига. “Пелистерки“ одиграа два пријателски натпревари против Бами Кор, а потоа и со домаќинот Куманово.
 
Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски, за овој турнир по враќањето во Битола рече:
 
-И покрај тоа што забележавме две победи, сепак во преден план беше уигрување на некои акции и она што до сега го одработивме во последниот дел пред почетокот на сезоната.
И повторно менувавме и ротиравме на секоја позиција, а шанса добија буквално сите играчи, од кои очекуваме да го дадат својот максимум односно се од себе уште на првиот, би рекле пеколен дуел натпревар со еден од директните конкуренти оваа сезона со кои се среќаваме уште на самиот старт, односно веќе наредната сабота, по што следи пеколно гостување, а за престојната сезона, кратко додаде:
 
-Останатите екипи нема да истрчаат со бело знаме и дека ова ќе биди лесна сезона, напротив, сметаме дека имаме исклучително тежок пат, на кој мораме да сме максимално посветени, истрајни, трпеливи и послушни, за што треба да работиме уште повеќе и уште подобро.
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »