Press "Enter" to skip to content

Потпишан нов Меморандум за соработка меѓу СОТУ “Ѓорѓи Наумов“ и “Кимицом Гроуп“ ДОО Битола

На 7 октомври в.д. Директорката на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола д-р Жанета Сервини и Марија Антиќ Костовска,  менаџерот на Кимицом ГроупБитола, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспостави долгорочна соработка помеѓу Техничкото училиште од Битола и успешната компјутерска компанијa.Потпишувањето на овој Меморандум е дел од  првиот чекор кон отворање на новата дуална паралелка со зголемен број на часови по практична настава за профилот електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Во следните денови ќе биде потпишан уште еден сличен меморандум со уште една софтверска компанија. Со склучувањето на меморандумите средното техничко училиште иницира нов вид на соработка со успешните ИТ компании, а во интерес на учениците и нивната подготвеност за успешна реализација на софтверски проекти.

Во врска со тоа, на потпишувањето на меморандумот, менаџерот на “Кимицом Гроуп“, Марија Антиќ Костовска истакна:Бенефитот од соработката помеѓу “Кимицом Гроуп“ и средното техничко училиште е обостран. Годинава соработката се темели на континуиран развој и учење на учениците, така да ние овозможуваме практична настава каде учениците од средното техничко училиште ќе се запознаат со основите на програмирањето како и можност за вработување и изградување на својата кариера во рамките на нашата компанија. Идејата за соработка се јави откако по некоја случајност откривме талентиран ученик од втора год од профилот електротехничар за компјутерска техника и автоматикакој најпрво се доусоврши во нашата компанија и сега е веќе редовно вработен. Потоа стапивме во контакт со в.д. директорката на училиштето и со проф. Јани Сервини и ги дефиниравме детално условите во Меморандумот.  Би сакала да истакнам дека, за жал, во државата немаме систем за рано откривање на надарените и талентирани ученици. Оттука многу ученици  се обесхрабруваат, демотивираат, разочаруваат и на крај го загушуваат сопствениот потенцијал за што се најмалку виновни. Се е оставено да зависи од индивидуалниот ангажман на наставниците и родителите како ќе ги стимулираат овие деца. На крај сите губиме: детето, семејството, образовниот систем и најмногу државата, затоа што не изградила систем да ги искористи сопствените интелектуални капацитети. Кимиком, како општествено корисна компанија, од ова место и денес, ви најавува новитет, тренинг центар на нашата компанија, каде ќе се врши обука и продуцирање на кадри, кои секако ќе ни се потребни нас, но и на многу други битолски компании. Од следната учебна година, веќе ќе започнеме и со доделување на стипендии на талентирани ученици и ученици од социјално ранливите категории, кои ќе пројават интерес и знаење од областа на ИТ секторот.

More from ВестиMore posts in Вести »