Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: два физички напади и 24 санкции за непрописно престигнување и 16 други санкции

На 10.10.2022 во СВР Битола, 69 годишен битолчанец пријавил дека на ул. “Даме Груев” во Битола бил физички нападнат од неговиот поранешен зет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.09.2022 во СВР Битола, И.А. (62) од село Доленци, битолско, пријави дека бил физички нападнат од лице од село Доленци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во текот на  вчерашниот ден  (09.10.2022)во периодот од 14.00 до 19.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување. При контролата констатирани и законски санкционирани се 24 возачи. За време на контролата биле санкционирани и  останати 16 прекршоци. 

More from ВестиMore posts in Вести »