Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Игор Неделковски, заедно со деканот на Правниот Факултет – Кичево, проф. д-р Горан Илиќ, како и проф. д-р Младен Караџоски и доц. д-р Благој Неновски, остварија средба со проф. д-р Кристоф Јасиецки и д-р Миколај Ракуса Сусцевски од Центарот за Европа при Варшавскиот Универзитет од Република Полска.Двајцата професори во рамките на Erasmus+ програмата и проектот “Public Diplomacy 2022”, финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Полска, остварија посета на нашиот Универзитет, а одржаа и предавања и работилници со студентите од Правниот факултет со што се потврди долгогодишната соработка на Правниот факултет при УКЛО со Центарот за Европа при Варшавскиот Универзитет од Република Полска.

Ректорот на УКЛО оствари средба со професори од Полска од “Erasmus+“ програмата
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес во 19 часот, на плоштадот “Магнолија“ во Битола, протест “Сите сме Јана“
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 10 степени
- По клубот и “Чкембарите“ со соопштение: оваа сезона за “Чкембари“ е завршена
- Саем за кариера и вработување, стратегија за локален развој и други активности иницирани од Локалниот економско социјален совет
- Паднал таванот во училишните тоалети во Медицинско, општинска комисија на терен, незначително повредена ученичка