Press "Enter" to skip to content

Во ОУ “Кирил и Методиј“ предавање за насоки и инструкции за шахот како изборен предмет

Oд септември во основните училишта шахот е на листата изборни предмети за прво и второ одделение, а деновиве во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола се одржа и предавање на кое беа посочени насоки и инструкции за шахот како изборен предмет за наставниците од основните училишта од Битола насловено “Шах во школи“. Предавањето го одржа Сашко Павловски велемајстор, претседател на шаховски клуб “Стево Патако“ и претседател на Општинскиот сојуз на спортови во Битола.-Шахот овозможува подобрување на концентрацијата, меморијата, математичките вештини, читањето, логичкиот начин на размислување, креативноста и критичкото размислување… Мене ме радува тоа што шахот е изборен предмет кај најмладите кои во иднина ќе бидат членови на шаховските клубови, активни шахисти, велемајстори… На предавањето се зборуваше за насоки и инструкции за изборен предмет шах за наставниците, а секако и за историјата на шахот, за светската федерација… Крајната цел со воведување на шахот како изборен предмет е децата преку шахот да се социјализираат и да ги подобрат интелигентните вештини, рече Павловски.