Press "Enter" to skip to content

Димитар Караџовски: имаме проблеми и повреди, но се надевам на победа над Работнички

Утре во Битола во спортската сала “Боро Чурлевски“ ќе се одигра натпревар од 2. коло на кошаркарскиот шампионат на Македонија, а Пелистер од Битола ја пречекува екипата на Работнички. Тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски на овој натпревар ќе ги нема на располагање Младеновски и Донован, а неизвесен е Стајиќ.

Димитар Караџовски, на денешниот тренинг, еден ден пред натпреварот за очекувањата од натреварот вели:

-Се подготвуваме како за секој натпревар. Имавме турболентно лето, турболентен почеток. Имаме доста повреди, доста промени, но колку сме – толку сме. Се спремаме како секој натпревар, го познаваме тимот на Работнички. За поздравување е што се спрема еден таков проект во овој клуб, што ќе биде добро за македонската кошарка. Сепак, се надевам на прва победа и да тргне работата.  На почетокот од сезоната бевме подготвени за силниот ритам на натпревари, но со тие три повреди на значајни кошаркари, загубивме и квалитет и ротација. Но, имаме доволно 10-12 играчи и мислам дека секој ќе помогне, ќе даде максимум да ги надминеме овој период додека се вратат повредените и дојде некое нови засилување.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »