Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: опожарено патничко моторно возило “бмв х5“

На 14.10.2022  во 03.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. “Пожаревачка” во Битола настанал пожар во патничко моторно возило “бмв х5“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на 43 годишник од Битола.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »