Press "Enter" to skip to content

Недим Мустафица на дебито пред битолчани против Работнички ја очекува првата победа оваа сезона

Пред вечерашното отворање на кошаркарската сезона во Битола, екипата на Пелистер, односно тренерот Марјан Илиевски, се соочува со многу проблеми со повредени кошаркари, во 2. коло против Работнички.

Новајлијата во дресот на Пелистер, Недим Мустафица пред вечерашниот натпревар очекува да ја повтори играта во Битола, која ја имаше на другата страна, во дресот на Работнички и пред натпреварот рече:

-Очекувањата не се нималку помали од минатата сезона. Тоа значи финале во домашното првенство и што е можно повеќе победи во АБА2 лигата. Што се однесува до натпреварот против Работнички, очекувам победа. На првиот натпревар малку полошо отворивме, доживеавме изненадувачки пораз од Гостивар и очекувам дека ќе го одбраниме домашниот терен. Се надевам дека ќе го повторам натпреварот минатата сезона, но овојпат во дресот на Пелистер. Во оваа прилика ги повикувам навивачите да нè поддржат, да ни бидат „ветер во грб“ во првата победа во сезоната 2022/23.

Минатата сезона Пелистер и Работнички се сретнаа само двапати, “пелистерци“ славеа со Битола, а Работнички во Скопје. Следната недела битолчани ќе бидат дел од АБА2 „балонот“ во Златибор.