Press "Enter" to skip to content

Пелистер пресилен за новиот Работнички, прва победа во Битола оваа сезона и увертира за “балонот“ во Златибор (фотогалерија)

Пелистер – Работнички 92:76

Вечерва во Битола во рамките на 2. коло на шампионатот на Македонија во кошарка, екипата на Пелистер ги надмина проблемите со повреди, и постигна лесна победа над Работнички со резултат 92:76 и ги забележа првите бодови во оваа сезона. Во тимот на Пелистер посебно мотивиран беше Сеад Хазифејзовиќ, кој во првиот период нанижа 11 поени, а стигна до 29 поени. Првата четвртина заврши со резултат 26:21 и екипата на Пелистер ја наговести првата четвртина, а во тимот беше и Стајиќ кој не тренираше цела недела заради повреда.  Мустафица и Карутерс блескаа на двете страни од паркетот и Пелистер дојде до највисоки +14. На крајот од втората четвртина предноста беше осетлива и на одмор се отиде со 47:33.Во третата четвртина Работнички добро започна  резултатот брзо беше преполоовен. Гостите дојде до -5, но потоа Карутерс и тројките на Караџовски донесоа солидни +9 за “пелистерци“ на влезот во последната четвртина. Како што одлично почна во првата четвтина, Хаџифејзовиќ заврши со стил. Нанижа десетина поени во последниот квартал и ги откажа скопјани од надежта за враќање во мечот. На шест минути до крајот веќе беше 85:66 и победникот беше решен. Најефикасни кај Пелистер беа Хаџифејзовиќ со 29 и Карутерс со 24 поени, додека во тимот на Работнички се истакна Крафорд со 23 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »