Press "Enter" to skip to content

Трансфер “бомба“ во Битола: данскиот бек Хенеберг го засили Еурофарм Пелистер!

Пред европското деби на ракометарите на Еурофарм Пелистер, на 25 октомври во Битола, денес беше претставено новото засилување, “трансфер бомба“, прв ракометар од Данска кој ќе игра во Битола во зелено-белиот дрес.

Се работи за 28-годишниот Себастијан Хенеберг, кој од денес е нов член на Еурофарм Пелистер и доаѓа на инсистирање на тренерот Ларс Валтер на позицијата лев и сдреден бек, а по денешното потпишување на договорот со данецот, од клубот соопштија:-Особено задоволство ни претставува што денес можеме да го претставиме првиот дански ракометар кој ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Нов член на нашиот клуб е Себастијан Хенеберг, кој потпиша договор до крајот на сезоната и веќе го започна тренажниот процес со новата екипа. 28-годишниот Хенеберг доаѓа во Битола од данскиот првак Алборн и игра на позициите лев и среден бек. Висок е 197 сантиметри, тежок 101 килограм и неколку години по ред настапува во Лигата на шампионите.

Хенеберг играше за тимовите на Силкеборг, Архус, Елверум  и  Алборг, од каде што доаѓа во Битола.

Неговото деби се очекува следната недела на натпреварот против Пролет од седмото коло на групата “Б“ на Суперлигата. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »