Press "Enter" to skip to content

Јавен конкурс за млади луѓе на тема “Безбедност, солидарност и соработка“

Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет, распишува конкурс на тема од областа на безбедноста, солидарноста и соработката за млади од 15 до 29 години. Прашањето на која младите треба да одговорат на креативен начин е „Што значи безбедноста, солидарноста и соработката за вас? Можете да одговорите на прашањето со тоа што ќе ни кажете кои теми ви се поважни како млад човек и што најмногу ве засега или ве интересира кога станува збор за безбедноста, солидарноста и соработката, а воедно можете да се изразите на различни креативни начини, вклучително но не ограничено на:

  • Видео содржина (YouTube видео, TikTok, Reels, Podcasts…)
  • Креативна графичка содржина (дизајн, стрип, илустрација…)
  • Фотографија
  • Сликарство или цртање
  • Есеј

Повикот за аплицирање е отворен за сите млади луѓе на возраст од 15 до 29 години, граѓани на Република Северна Македонија и содржината треба да одговори на прашањето „Што значи безбедноста, солидарноста и соработката за вас?”

Комисија составена од претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет ќе ги оценуваат поднесените содржини. Комисијата ќе ги награди три најдобри содржини со следните награди:

  • Прво место –  Активна камера Go Pro Hero 9 Action Camera
  • Второ место – Паметен часовник Гармин Vivoactive 4 
  • Трето место –  Слушалки JBL Bluetooth Earbuds

Конкурсот е отворен од 12 октомври до 15 ноември 2022 година.

Креативната содржина треба да се достави преку е-пошта на nusret.iseini@osce.org и marija.baseska@nms.org.mk вклучувајќи име, презиме, датум на раѓање, телефонски број, е-маил адреса и градот од каде што доаѓате  со наслов: ЈАВЕН КОНКУРС НА ТЕМА БЕЗБЕДНОСТ, СОЛИДАРНОСТ И СОРАБОТКА. Можете да ги прикачите вашите креативни содржини на услугата за споделување датотеки (WeTransfer, Dropbox, Google Drive…) и испратете ни ја линкот во вашиот маил. Ве молиме чувајте ја вашата оригинална работа.

Забелешка: Со учество на конкурсот, се согласувате вашата содржина да биде јавно прикажана.

За сите дополнителни информации, можете да го контактирате Нусрет Исеини, програмски асистент, на nusret.iseini@osce.org или на телефонскиот број 070/359-062; и Марија Башевска, програмска асистентка, на marija.baseska@nms.org.mk или на телефонски број 076/708-990 од Националниот младински совет.

More from ВестиMore posts in Вести »