Press "Enter" to skip to content

Марјан Илиевски по победата над Работнички го пофали Стајиќ кој повреден го даде максимумот

Екипата на вчеравечер во Битола на домаше терен ја забележа првата победа во новата сезона во кошаркарската Прва лига и со убедливи 92:76 го совладaа Работнички. Тренерот Марјан Илиевски е задоволен од одиграната партија на своите избраници и сигурната победа, а особено го пофали капитенот Стајиќ, кој до пред самиот натпревар неизвесно беше дали ќе може да настапи.

-Постојано зборуваме на истата тема. И минатата сезона и сега, за тој хендикеп со повредите. Ни се наруши сето тоа што го градевме во овој краток период во кој бевме сите заедно. Сепак, ова е важна победа за нас бидејќи е прва официјална на овој тим кој што е многу кратко заедно. Она што морам да го истакнам е дека на мое изненадување, но и задоволство, ретки се спортистите како Стајиќ. Пред натпреварот мислев дека нема да може да игра, но тој го покажа спротивното и беше „моторот“ на екипата на денешната средба, а за повредите додаде:

-Се надевам дека во иднина ќе покажеме поголем карактер и квалитет и, иако времето не ни оди во прилог, верувам дека ќе успееме да напредуваме од натпревар во натпревар. Се разбира, во периодот што следува мора да ангажираме уште неколку нови кошаркари. Љубомир Младеновски најверојатно ќе паузира до крајот на сезоната, а Доналдсон се повреди на првиот натпревар и прашање е дали ќе биде фит и во март. Дотогаш ние треба да преземеме нешто за да го задржиме квалитетот во ростерот.

More from СпортMore posts in Спорт »