На 14.10.2022 во СВР Битола – Полициско одделение Новаци бил извршен службен разговор со три момчиња две на возраст од 19 години и едно на 21 година сите од Битола. Тие се сомничат дека на 13.10.2022 околу 21.00 часот на место викано „Балдовенци“, во кругот на РЕК “Битола“, одзеле делови од работни машини и други предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.10.2022 во 17.30 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода 21 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.