На покана и во организација на проектот “Зајакнување на општинските совети“ – при УНДП од 10-13 октомври, Претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиевска беше дел од „Европската недела на региони и градови“ во Брисел.Тема на настанот беше “Нови предизвици за кохезијата на Европа“, а воедно и градовите и регионите да го покажат својот капацитет за развој и создавање нови работни места, за спроведување на кохезивната политика на Европската Унија како и да ја докажат важноста на локално и регионално ниво за доброто европско владеење.
За време на одржувањето на настанот имаше разменување на искуства и добри практики помеѓу општините и регионите на ЕУ заедно со земјите кандидати кои што поскоро треба да бидат дел од ова големо европско семејство.

Габриела Илиевска на “Европската недела на региони и градови“ во Брисел
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 15 степени
- Битола, градот на клавирите, го одбележа Денот на пијаното (фото)
- Еурофарм Пелистер со соопштение: зошто натпреварот не беше прекинат или трибините испразнети?
- “Правда за Јана“ – најмасовен граѓански протест во Битола (фотогалерија)
- Општина Битола: партерно се уредува просторот кај Офицерски