Press "Enter" to skip to content

Убедлива побена на Пелистер во Битола, под Тумбекафе (фотогалерија)

Пелистер – Слога Виница 3:0 (1:0)

Во рамките на 8. коло од Втората фудбалска лига, екипата на Пелистер, на свој терен во Битола, на стадионот “Петар Милошевски“ на одличен терен и убаво време, ја победи екипата на Слога од Виница со резултат 3:0, полувреме 1:0.“Пелистерци“ го отворија резултатот во првото полувреме, кога 1:о поведоа со голот на Драгарски на самиот старт на натпреварот во 1. минута по корнерот кој го изведе Благојче Љамчевски.Во второто полувреме головите за Пелистер ги постигнаа Наумовски и Петар Љамчевски во 51. и во судиското време, во продолжувањето на натпеварот во 92. минута.По 8 одиграни кола екипата на Пелистер се наоѓа на 4. место со 14 бода, прв е Вардар со 22, втор Гостивар со 18 и трета екипата на Воска Спорт со 17 бода.

More from СпортMore posts in Спорт »