Press "Enter" to skip to content

“COMFORT ZONE“ нов салон за физиотерапија, ваша зона на релаксација и здравје (фотогалерија)

Дали сте подготвени да ја пронајдете својата комфорна зона?

Во “COMFORT ZONE“ зона на релаксација и здравје, катче за вистинско задоволство на душа и тело. Естетски, медицински, релакс и ароматерапија масажи. Третмани за слабеење со кавитација, липоласер, криолиполоза, шестполарен ласер, радиофрекфенции. Мадеро терапија-антицелулитни третмани.Синоќа на свечен начин беше отворен “COMFORT ZONE“ салон за физиотерапија во Битола. Уште едно катче за вистинско задоволство на душа и тело. Амбиентот во салон “COMFORT ZONE“ совршен за прекрасни моменти на опуштање.-Пронајдете ја својата комфорна зона, секој има своја, но излезете од својата и пронајдете ја овде, во нашиот салон “COMFORT ZONE“  рече Елеонора Ивановиќ дипломиран физиотерапевт и сопственичка на салонот и продолжи:-Многу сум среќна и возбудена, ми се исполни мојот сон да отворам свој сопствен салон, прекрасно место за релаксација, здравје, слабеење… После дипломирањето неколку години работам како физиотерапевт. Во последните години интересот за најразновидни масажи е поголем, имаше интерес и ми закажуваа третмани и во домашни услови. Заради тоа се осмелив и заедно со мојот сопруг Милан, го опремивме и еве со “COMFORT ZONE“ започнуваме со работа, на наше  големо задоволство.Додека се опремуваше салонот долго размислуваав за името. Идејата  “COMFORT ZONЕ“ ја даде мојот сопруг, а произлезе од одбележувањето на  заедничките фотографии  на ФБ кои  мојот сопруг ги означуваше со хаштаг и „мојата COMFORT ZONE“. Размислував за името, а тоа беше тука, асоцијација за секој да ја пронајде својата комфорна тука. Во контекст на тоа  клиентите да излезат од својата зона на комфор, а да влезат во друга, тука.-Во овој прекрасен, пријатен амбиент ќе нудиме повеќе видови на  релакс, естески, со аромотерапија и  медицински  масажи. Исто така нудиме и третмани за слабеење: кавитација, липоласер, криолиполиза, 6 поларен ласер, радиофреквенции.  Антицелулитни масажи со мадеро терапија. Секој може да си направи пакет од неколку третмани, за кои нудиме промотивни  цени. Пронајдете ја својата комфорна зона во “COMFORT ZONE“ и закажете се.Салонот се наоѓа на ул. “Димитар Илиевски Мурато“, бр 10, зграда “Обител“, локал 1, работно време секој работен ден од 10 до 18 часот.

Ж. Ристевска, фото: Дамијана