Press "Enter" to skip to content

Во Битола за три дена 2 нови позитивни на ковид-19, оздравени 5, активни 16 случаи

Во последните 3 дена (од 14.10 до 16.10.2022) направени се 953 тестови, а регистрирани се 80 нови случаи на Ковид-19, во Битола се 2.

Регистриран e 118 оздравен пациент од Битола се 5.

До сега во Битола има 17.965 лица кои биле позитивни на ковид-19, а активни се 16 случаи.

Во текот на изминатите 3 дена (14.10 – 18.10.2022) пријавени се две починати лица, нема од Битола.

Направени се во Битола 25 теста преку ЦЈЗ Битола 19 и преку Плодност 6.

Досега во земјата се направени вкупно 2.177.159 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.665, бројот на оздравени пациенти е 333.824, на починати е 9.553, а бројот на активни случаи изнесува 288.