Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер во Скопје против репрезентација на Саудиска Арабија

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека утре (вторник, 18 октомври) во 20:00 часот ќе одигра пријателски меѓународен натпревар против националната репрезентација на Саудиска Арабија.

Натпреварот ќе се игра во СЦ #Јане Сандански“ во Скопје.

Тренерот Ларс Валтер ќе смета на сите ракометари кои немаа репрезентативни ангажмани, плус неколку ракометари од Еурофарм Пелистер 2.

Првите минути во новиот дрес ќе ги одигра Себастијан Хенеберг.