Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер денес стартуваат во АБА2 лигата на “балонот“ во Златибор, Илиевски вели се ќе зависи од играчите

Кошаркарите на Пелистер од Битола денес ќе дебитираат во АБА2 лигата на првиот „балон“ во Златибор против вториот македонски претставник ТФТ Скопје, а ова ќе биде нивна втора сезона како ќе настапуваат во ова натпреварување.

За разлика од лани, годинава тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски на располагање ќе има изменет состав, пред денешниот прв официјален меѓународен натпревар, даде кратка најава на сезоната.

-Имав најава на стартот на сезоната дека можеме да се пласираме на висока позиција. Сè ќе зависи од новите играчи, бидејќи планираме да земеме две странски засилувања со кои ќе можеме да играме во АБА2 лигата. По првиот балон балон за успех ќе сметам да се вратиме со целосен ростер, да немаме незгодни случувања, повреди и болести. АБА2 треба да се искористи за промоција на Пелистер, како клуб кој сака да одржи континуитет со две години во низа настап. Резултатите се ставени во втор план, меѓутоа ќе гледаме од натпревар во натпревар да го презентираме клубот во најдобро светло, рече Илиевски. 

На првиот „балон“ двата македонски претставници ќе вкрстат копја уште на стартот. во вечерниот термин да биде закажан за ТФТ и Пелистер. На овој собир во Златибор ќе се одиграат две кола. По денешниот дуел во среда 19 октомври, Пелистер во вечерниот термин игра со Шенчур. 

Да потсетиме дека минатата сезона Пелистер ја заврши на единаесеттата позиција на табелата, со четири победи и девет порази, со голем број на проблеми, оваа година “пелистерци“ се надеваат на повеќе среќа. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »