Жртва, прогонител и спасител се маски кои ни помагаат да ја сокриеме или ооневозможуваат желбата за свој психолошки раст и развој.
Тие се егзистенцијални позиции типични за меѓучовечките односи без автентичност. Овде не постои врска која е втемелена на вистина, туку на ири на взаемна контрола. Тие маски имаат различни аспекти.
Улога на ЖРТВА
На пример став на „Жртва“ е „Кутар јас“!. Жртвата може да манипулира и да ги искористува другите прикривајќи ја својата наводна беспомошност, и во исто време да го храни своето чувство на безвреднпост и несигурност. Заради тое што има толку недостатоци мисли дека заслужува безусловно разбирање. Од оваа позиција лесно се станува агресор.
Личноста во улога на жртва бара спасител кој ќе ја спаси, а ако некој тоа го одбие или не го направи многу брзо таа личност ја доживува како прогонител.
Жртвите имаат потешкотии при донесување на одлуки, решавање на проблеми, пронаоѓање на задоволства во животот или при разбирање на своето однесување во себе.Улога ПРОГОНИТЕЛ
Ставот на прогонителот е „Тоа е твоја вина„ Тие својата фрустрација ја пренесуваат на другите. Критикуваат и ги криват жртвите. Поствауваат сторги граници и правила, контролираат и силно се авторитативен, лут и непријатен. Он ги угнетува, сезаканува, и малтретира. Настојува другите да му дадат моќ и смисла како би можел да донесува судови. Знае како да ја покаже својата окрутност, и да ги застаршува другите. Всушност тој е голема кукавица кога мора да се соочи со своите стравови. Прогонителот не може да биде флексибилен, се плаши да ризикува, па и самиот станува жртва. Тој постојано вика и критикува, но всушност тие не решаваат ниту еден проблем, ниту пак им помагаат на другите да ги решат проблемите.
Оваа улога е нејекстремна верзија од сите три улоги, но може да се наиде на личности кои играат поблага верзија на сите овие улоги прилично редовно.Улога СПАСИТЕЛ
Ставот на спасителот е „Дозволи ми да ти помигнам“, тој е пријателски настроен и мора да се чувствува потребен. Тој работи на тоа да помогне и да се грижи за другите луѓе. Класично е зависен и овозможува помош. Потребни му се жртви за да им помага и често не дозволуваат жртвата да успее или да се подобри. Неговата помош меѓутоа не е така несебична. Тој се чувствува небитен и се обидува да ги натера другите да се ослонуваат на него, за да се чувствува важен и да ги стекне симпатиите на другите.Понекогаш се жали дека се чувствува малтретирано, па така лесно се префрлува во улога на жртва.
Спасителите често се вознемирени, презапослени, уморни, зафатени во маченички стил, додека испод таа маска врие лутина.
Она што дава сила на овој триаголник и значење е тоа што луѓето се префлуваат од улога во улога и преминуваат низ сите три улоги, а никогаш и да не излезат од триаголникот. Замката е во тоа што луѓето ги одигруваат овие улоги за да ги задоволат личните (често несвесни) потреби, наместо да можат да ја видат сликата како целина и да превземата одговорност за својата улога и го одржуваат триаголникот.Врз осноава на тоа што сите имаме несвесни основни уверувања за себе излегување од улогите од драматичниот триаголник бара свесност за било која улога жртва, спасител, прогонител како и способноста да се препознаат здрави одбрамбени одговори кога се осети дека сме вовлечени во улоги од триаголникот и спемност да превземеме одговорност за своите перцепции, реакции и однесувања кога се пробудиме и знаеме дека сме во триаголник.
Ова е основа на нашата вештина на размислување, препознавање на моделите, одстапувања да се осврнеме на нив и на последиците, потоа да се одвоиме од нив, и да не го продолжуваме циклусот, со бирање на мудри одговори или однесувања.