Press "Enter" to skip to content

Во Битола 5 нови позитивни на ковид-19, активни 21 случај

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 808 тестови, а регистрирани се 57 нови случаи на КОВИД-19 од Битола се 5.

Регистрирани сe 9 оздравени пациенти, нема од Битола.

До сега во Битола има 17.970 лица кои биле или се позитивни на ковид, а активни се 21 случај.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Струга, не е од Битола.

Направени се во Битола  тестови преку ЦЈЗ Битола 16 и преку “Плодност“ 2.

Досега во земјата се направени вкупно 2.177.967 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.722, бројот на оздравени пациенти е 333.833, на починати е 9.554 а бројот на активни случаи изнесува 335.

More from ВестиMore posts in Вести »