Press "Enter" to skip to content

Николче Симоновски – Јошка ја промовира новата песна “Старата авлија“ (видео)

По кратко време откако во Битола го заврши одморот и се врати во Австралија, нашиот сограѓанин, Николче Симоновски – Јошка, ја промовира новата песна насловена “Старата авлија“, која е објавена на неговиот “јутуб“ канал.

-По летниот одличен одмор во Битола се вратив во Австралија и на обврските, односно на претходно закажаните настапи, не само во Перт каде живеам, туку и во Синдеј, Мелбурн… Не е лесно да вратиш од родниот крај, во “новото“ место на живеење и работење, но тоа е животот и обврските и од тоа нема бегање, ни рече преку вибер комунинацијата Јошката, не криејќи ја носталгијата за Битола, за Јени Маале, за Широк Сокак, за пријателите… 

Дали носталгијата е мотивот за новата песна “Старата авлија“, Јошката додаде:

-Сигурно е така, носталгијата е нешто што не се лечи, а еве јас се обидувам да тоа да го правам на мој начин, со песна. Се надевам дека “Старата авлија“ ќе наиде на добар прием кај сите во дијаспората, и кај битолчани. Нека ја преслушаат, верувам дека ќе им се допадне и ќе биде барем малку лек за носталгијата.

Јошката додаде дека ќе биде снимен и видео спот за песната.