ТФТ – Пелистер 65:75
Во рамките на АБА-2 лигата на балонот на Златибор екипата на Пелистер од Битола го идгра првиот натпревар и забележа уделива поеда против екипата на ТФТ од Скопје. Битолчани рано воспоставија контрола над играта и особено во резултатот, имаа водство и од 30.поени (69:39), и полесно од предвидувањата го реализираа својот прв плус во АБА 2 лигата.
Одлично прво полувреме, поточно прва четвртина одиграа кошаркарите на Пелистер во македонското дерби на стартот на новото издание на АБА 2 лигата. Го искористија избраниците на тренерот Марјан Илиевски искуството кое со себе го носи играњето во ова натпреварување, но и збунетоста во играта на противникот кој никако не успеваше „да се состави во играта“, особено во нападот. Во десет минути „пелистерци“ креираа високи (25:8).
На почетокот на вториот период, разликата беше уште поголема, Пелистер дојде и до највисокиот плус, од 19. поени (37:18). Во голема мерка, и по заслуга на двоецот Мустафица-Хаџифејзовиќ, кои реализираа 25.поени (15 плус 10), дополнет со точни реализации кои дојдоа и од Караџовски, Сапунџиев (три тројки заедно), и Карутерс, како петти во стартната постава на екипата од Битола. По нецели осум минути од третата четвртина, Пелистер, сега и на „погонот“ на Караџовски, беше на плус од 27.поени, (63:36). И тука некаде стана јасно дека „зелено-белите“ ќе ја запишат првата победа во АБА 2 конкуренцијата.
Марјан Илиевски, тренерот на Пелистер, не го криеше задоволството од сигурниот триумф на своите избраници и истакна:
-Ние се соочуваме со проблем веќе втора година по ред, со хендикеп со повредени играчи. Исто не дојдовме комплетни, имаме двајца играчи кои нема да играат цела сезона, а уште еден играч кој ќе се врати по недела. Бараме нови странски засилувања. Ова беше прв натпревар, за разлика од лани драго ми е што отворивме со победа. Игравме на моменти брилијантно, но на моменти и многу лошо.
Во второто коло на „балонот“ на Златибор, на 19. октомври (среда), екипата на Пелистер ќе игра против словенечкиот Шенчур.