Во просториите на ОФС Битола, Општинскиот фудбалски сојуз од Битола, беа доделени фудбалски топки, на училиштата кои се дел од проектот “Фудбал во училиштата“ донација од Фудбалската федерација на Македонија и ФУСМАК. Фудбалски топки добија и професорите од две училишта од Битола кои се во проектот “Фудбал во училишта за девојчиња“.
Фудбалската Федерација на Македонија ќе продолжи континуирано преку проектот “Фудбал во училиштата“ да помага и да им дава поддршка на најмалите во остварување на нивните сонови и унапредување на своите знаења и вештини.