Денес, 19 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Упрвата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде по студеното утро, во текот на денот претежно сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот од север облачностa ќе се зголемува. Температурата во Битола до 22 степени.
Утре, 20 октомври, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 19 степени.