Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер на пријателскиот натпревар со репрезентацијата на Саудиска Арабија

Еурофарм Пелистер – Саудиска Арабија 28:22

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола, во Скопје, во малата сала при СЦ “Јане Сандански“, одигра пријателски натпревар со репрезентацијата на Саудоска Арабија во кој победи со резултат 28:22, полувреме 13:11. Тренерот на “пелистерцу“ Ларс Валтер испитуваше сили, комбинираше со составот, им даваше шанса на младите и неколку играчи од вториот тим, а шанса за деби имаше и Себастијан Хененберг. Не настапија македонските репрезентативци  и Мирко Радовиќ, кој играше за црногорската репрезентација во евро-квалификациите. 

“Пелистерци“ се наметнаа уште од стартот, чекореа сигурно и водеа, па на полувреме заминаа со предност од 13:11. И во вториот дел Еурофарм Пелистер диктираше темпо, не дозволуваше гостинот да дојде до егал и рутински чекореше кон победата. Во финишот на натпреварот битолчани се одлепија и победија со високи шест гола на своето конто. 

Битолчани се припремаат за премиерниот настап во Европската лига на ЕХФ, во вторник, на 25 октомври во „Боро Чурлевски“ против Архус.

More from СпортMore posts in Спорт »