Press "Enter" to skip to content

Општина Новаци ја одржа првата форумска сесија за планирање на буџетот за 2023 година

Во присуство на шеесеттина жители на Општина Новаци, општинската администрација предводена од градоначалникот Стевче Стевановскимлади, пензионери, здруженија на граѓани и претставници на училиштето, градинката, Советот и комуналното претпријатрие, се одржа првата форумска сесија за планирање на буџетот на Општина Новаци за 2023 година. Целта на овој проект е планирањето на буџетот на општината за 2023 година во  согласност со потребите  на жителите.Преку реализацијата на овој буџетски форум, Општина Новаци добива можност на еден транспарентен начин да ги утврди приоритетите на жителите и согласно тоа да го испланира трошењето на граѓанските пари. 

-Ваквите средби се одлична алатка за креирање на буџетот за 2023 година при што општината води сметка за потребите на граѓаните. Приоритет во идната година повторно ќе им се даде на инфраструктурните проекти , пред се уредување патната инфраструктура ( 4 краци до )Индустриската зона во Новаци, нејзино внатрешно инфраструктурно уредување, изградба на канализациона мрежа со пречистителна станица за Добромири, пречистителна станица за Новаци, изградба на пешачка патека од Новаци до манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци, вложување во чиста енергија, фотоволтаици, искористување на биомаса, реконструкција на фасадата во ОУ „ Славко Лумбарковски“ Новаци, развој на алтернативниот туризам, поддршка на младите, спортот и кутлурата “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Ова  е прва сесија од вкупно 5 што ќе се одржат  во рамките на Буџетските форуми, односно три до крајот на оваа година и петтата последователна во следната 2023 година.

More from ВестиMore posts in Вести »